Вечерва капитенот на македонската фудбалска репрезентација за последен пат во црвено-жолт дрес ќе истрча на теренот.
Ова го потврди самиот тој на вчерашната прес кофенреција, кога рече дека веќе е време да се збогува со дресот и репрезентацијата.
Но, по ваквата најава започнаа емоциите кај нашите лавови. Прв емоциите ги покажа Рики, но можеби и разбирливо.
Нивното пријателство има историја. Со години се заедно во репрезентација, беа во ист период и во италијанско, а си одеа и по гости. Рики го сака Горан како брат и сосема разбирлива е неговата тага што повеќе нема да играат заедно.
Дружба со Игуаин
