Десетици пожарникари, и над десет противпожарни возила од Словенија пристигнаа во Македонија. Утрово влегоа на територијата на нашата држава, а веќе се упатени на местата каде што има пожари. Словенија, Србија и Бугарија се земјите кои веќе испратија помош за Македонија во гаснењето на пожарите, а нивните екипи заедно со македонските се веќе на терен.