Адам Левин со години важи за миленик на жените ширум светот, но по овие фотографии неговата популарност полека се намалува.
Имено, пејачот решил да ја промени бојата на косата. Наместо црна коса сега тој има светло руса коса, но тој не запрел тука со промените.
Изгледа дека Адам се решил да го „зачини“ и стајлингот, па така во последно време се почесто можеме да го видиме, наместо во лежерните комбинации на кои сме навикнати, во стајлинзи во кои доминираат силните дречливи бои.
По оваа промена речиси никој не го препознал кога тој се шетал на улиците во Лос Анџелес.
Коментарите кои следеа по објавата на овие фотоградии покажуваат дека тој ќе изгуби дел од своите обожаватели. На социјалните мрежи многу обожаватели го запрашаа дали тој е всушност во втор пубертет, бидејќи поинаку не би можеле да си ги објаснат неговите „чудни модни комбинации“ кои прават тој да изгледа незрело.