Познатиот актер Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон во петокот прославија 33-годишнина од нивниот брак…
Рита Вилсон на својот Инстаграм профил сподели нивна заедничка фотографија на која двајцата позираат насмеани.
Во оваа прилика таа му ја честиташе годишнината на сопругот и ги разнежни фановите кои коментираа дека нивната љубов е вистинска и за цел живот.
Том Хенкс и Рита Вилсон имаат брак за пример во Холивуд, без шпекулации, проблеми, неверства и нестабилности, кој трае цели 33 години, а тоа гледајќи од страната на Холивуд е навистина многу.
„33 години брак со мојот најдобар пријател засекогаш, со мојот љубовник и мој маж. Љубовта победува“, напиша Вилсон.