Во ситуација кога во Англија владее хаос поради Суперлигата, славниот борач МекГрегор долеа масло на огнот. Имено, како што е познато шест англиски тимови беа дел од клубовите кои се потпишаа на иницијативата за формирање на Суперлига. Но, поради бурните реакции на навивачите и фудбалерите, шесте англиски тимови, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Арсенал, Челзи и Тотенхем се повлекоа од оваа лига. Како резултат на тоа оставка поднесе потпретседателот на Манчестер Јунајтед, Ед Вудфорд, кој практично беше прв оперативец на клуот.

Сепак, МекГрегор уште толку ги „запали“ работите. Тој преку социјалните мреќи напиша, односно ги праша фановите, што мислат за идејата тој да го купи Манчестер Јунајтед.