Се чини дека Фиби (Лиза Кудру) си дозволи „најмногу“ да остари.

Сите сме на некој начин фасцинирани од трендот на пластични операции и естетски процедури, некои се осмелуваат да одат „под нож“, а некои се зад аголот и се прашуваат и коментираат за големината на нечии усни, јаболчници, гради… На малите интервенции не одолеаа ниту актерите на најверојатно најпопуларниот ситком, култнатната серија „Пријатели“. Познатиот српски доктор Чолиќ стручно прокоментира како изгледаат сега и дали „претерале“

Фото: Профимедиа

„Не се сменија премногу, колку што можам да видам, сите имаат доста солидни изрази на лицето“, вели тој.

На социјалните мрежи и форумите се пишува дека еден од пријателите, Метју Пери, изгледа „премногу отеченo“ и дека тоа е најверојатно последица на естетските процедури. Лекарот вели дека е збунет од фактот дека Чендлер (Метју Пери) е прилично експресивен додека зборува, а од друга страна, изгледа затегнато.

Фото: Инстаграм

„Не сметам дека направил нешто со лицето, или пак имал добра, нежна интервенција. Не ми се чини дека тоа што изгледа потечено е производ на хирургија, во смисла на вметнување хијалуронска киселина и така натаму, туку е последица на неговите проблеми со алкохолот. Актерот изгледа како да има испеглани брчки на некои фотографии, но можно е и да станува збор за Фотошоп. Изгледа на човек што има 50 години. Треба да му се направат горните очни капаци, може да се види дека очите му се полузатворени што е природна последица на стареењето”, вели д-р Чолиќ.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

„Се чини дека само Фиби (Лиса Кудру) си дозволи ‘најмногу’ да остари“

„Според мене, Лиса не направила драстично „дотерување“. Бидејќи најчесто станува збор за лифт за лице и врат кај ѕвездите, погледнете го нејзиниот врат, кожата е потполно опуштена, со многу брчки. Да беше направено дотерување, кожата на вратот ќе беше затегната.

Фото: Инстаграм

Но, затоа можете да видите „многу хијалуронска киселина“ во нејзините јаболчниците,а и во пределот на брадата. Веројатно има малку ботокс бидејќи нејзините веѓи се скоро на исто ниво како и пред 20 години, што е природно невозможно. Има и малку хијалуронска киселина во нејзините усни, но умерено, ништо претерано “, вели д-р Чолиќ, кој во иста категорија ги става  Рос (Дејвид Швимер) и Џои (Џои Трибијани).

принтскрин

Реално, Рејчел (Џенифер Анистон) ни изгледа најнегувано, но ѕвездата беше најприсутна на малите екрани, а со тоа и за нашите очи во текот на овие 17 години за разлика од  другите „пријатели“, па дали тоа приодонесува да не можеме да кажеме дали таа „прави“ нешто на себе или можеби станува збор  „природен“ младешки изглед, односно добра генетика?

Фото: Профимедиа

„Мислам дека Џенифер најмалку се смени. Постојат неколку мали интервенции во секој регион, се гледа низ челото, ботокс, јаболчници, усни, брада, насекаде! Но, ајде да погледнеме во вратот, можеби дури и ако е направено, тоа е направено со желба да не се забележи, бидејќи навистина може да се направи на тој начин“, вели докторот.

Фото: Профимедиа

На ред доаѓа и највидливата промена кај „пријателите“, лицето на Моника, односно лицето на Кортни Кокс.

профимедиа

„Можеби малку претерала, но сепак е доволно препознатлива. Изгледа како добро сочувана 50-годишна жена. Моника има ботокс, подигнати веѓи и целосно избришани „траги“ на брчки на челото, хијалуронска киселина во јаболчниците и усните“, вели Чолиќ.

Фото: The Hollywood Archive / Hollywood Archive / Profimedia

Чолиќ смета дека актерите добро се спротивставиле на интервенциите за убавина и дека, во споредба со некои други актери, тие не претерале, имајќи предвид дека тоа е тренд во Америка и нешто што е сосема „нормално“, како и дека истата перцепција веќе ја гледаме во Европа и на Балканот.

Profimedia
Фото: Профимедиа

„Немам впечаток дека инјектирале огромни количини на ботокс и хијалуронска киселина. Сигурно е дека направиле нешто, секако има и ботокс и хијалуронска киселина, веројатно има и операции… На крајот, тие добро се спротивставија на годините и нивните лица изгледаат „пристојно“. Не ми се допаѓаат трендовите што се развиваат во Америка и она што се обидувам да го минимизирам во Србија е неприродното белење заби. Станува збор за белата боја „А1“ и тоа само за да се докаже колку пари се фрла за тоа. Трендот е да се види дека сте дале 50, 100 илјади (динари) за целосен третман“, вели Чолиќ за српски Мондо, истакнувајќи дека, според него, од холивудските ѕвезди Никол Кидман претерала со најмногу со естетските корекции.

Никол Кидман / Foto: Getty/NurPhoto

„Според мене, Никол Кидман најмногу претера, навистина може да се види дека многу е работено на неа, на нејзините јаболчници, на усните, нејзиниот профил е едноставно непрепознатлив. Мислам дека има многу хијалуронска киселина во брадата“, рече тој.

профимедиа

Покрај своето мислење за естетските интервенции, Чолиќ вели дека е воодушевен  што неговата омилена серија повторно се прикажува, истакнувајќи дека „Пријатели“ и „Два и пол мажи“ се сериите кои ги одбележале раните 2000ти.

Profimedia
Фото: Профимедиа