Големо невреме проследено со обилни врнежи и силен ветер погоди делови од Ломбардија на северот од Италија.
Погодено е подрачјето на популарното езеро Комо каде се евакуирани десетина луѓе.
Околу 50 жители се извлечени од куќите кои останале отсечени по свлечишта во местото кое е најпогодено од невремето.
Во Чернобио евакуирана е зграда која била загрозена од поплави. Во оваместо улиците се претвориле во реки, а водата дошла влегла во куќите.
Овој регион се очекува и денеска да се најде под удар на силно невреме.
Flood in Italy pic.twitter.com/u1Pk6oBpNs
— anthraxxx781 (@anthraxxx781) July 28, 2021