Популарната актерка Лара Флин Бојл утре ќе го прослави својот 51 роденден. За жал, оваа убава актерка не успеа да им одолее на естетските корекции и досега претрпе бројни неуспешни операции кои всушност ја загрозија и нејзината успешна актерска кариера.
Ирско-американската актерка Лара Флин Бојл утре ќе го прослави својот 51 роденден, а сите ја паметат како убавицата која се прослави во остварувањата „Твин Пикс“ и „Мажи во црно 2“.
Таа својата кариера ја градеше со сигурни чекори, но бројните неуспешни пластични операции и ја уништија кариерата.
Таа ги корегираше усните, тенот и беше подложена и на ринопластика. Лицето го средуваше со филери, исто и веѓите и често правеше пластичен лифтинг на лицето. Исто така се шпекулира дека таа ги коригирала и јаболчниците и образите.
Таа потоа имаше потешкотии да добие улога поради нејзиниот изглед. Последната филмска улога ја доби во 2014 година. Во последниве години, таа ретко се појавува во јавноста и нејзините фотографии во светските медиуми се ретки.
Да потсетиме, популарната актерка се забавуваше со Џек Николсон, Кајл Меклахлан, а зад себе има и два брака. Лара беше во брак со Џон Патрик Ди III до 1998 година, а потоа се омажи за Доналд Реј Томас во 2006 година и сè уште е во брак со него.
По повеќегодишната пауза, нејзиното враќање на големите екрани оваа година беше најавено во филмот „Смрт во Тексас“.