Познатата американска актерка, која откако почна пандемијата на коронавирус својата актерка кариера ја пренасочи во водителските води со свое ток-шоу, изненади многумина откако прошета боса по улиците на Њујорк…
Како и многу луѓе ширум светот кои изминатиов период свечената облека ја заменија со удобна така и холивудската ѕвезда Дру Баримор го прифати овој тренд.
Имено, Баримор за време на нејзиниот престој во Њујорк успеа да отиде чекор подалеку, а „будното око“ на папараците успеа да го документира нејзиниот необичен изглед. Актерката за својата прошетка низ „Големото јаболко“ одбрала прилично лежерна комбинација, носејќи сива тренерка, но се чини, ги заборавила и чевлите.
И покрај ниските температури, ѕвездата на „Ангелите на Чарли“ не покажа знаци на неудобност одејќи боса по асфалтот.
Минатата година, 46-годишната актерка изјави дека откако ги родила своите ќерки, 8-годишната Олив и 6-годишната Френки „нозете ѝ пораснале за три броја“.
Дру се пошегува дека деновите на носење чевли како Кери Бредшо од култната серија „Сексот и градот“ се веќе дел од нејзиното минато.