Ливерпул се наоѓа во голема криза во Премиер лигата, синоќа составот на Јирген Клоп ги разочараа навивачите со новиот пораз сезонава и тоа на својот „Енфилд“ од Барнли (0:1).

Доколку се исклучи триумфот во ФА купот (1:4) против Астон Вила, во новата 2021 година „црвените“ изненадувачки и натаму немаат реализирано гол во Премиер лигата.

Загубија од Саутемптон (1:0), па следуваше ремито без голови со Манчестер јунајтед, и синоќа поразот од Барнли.

Шампионот од минатата година како да се откажува од трката за врвот оваа сезона, моментно заостанува шест бода зад водечкиот Манчестер јунајтед.

На социјалните мрежи веќе започнаа шегите на сметка на славниот клуб, односно српскиот голман на Еибар, Марко Дмитровиќ има повеќе голови годинава од тимот на Ливерпул.