Снежното невреме парализираше делови Шпанија, а шпанската ТВ водителка Кристина Педроче, одбра прилично необичен начин „да му тера инает“ на невремето.
На својот инстаграм-профил објави фотографија на која седи сосема гола во снегот, со скрстени нозе, во поза која наликува на медитација.
„Сите знаеме колку е убава глетката кога надвор врне снег. Сепак, важно е и да се погледне во себеси“, напиша Кристина.