Екипата на Шкендија попладнево го крена шампионскиот пехар. Ова е четврти во историјата на клубот, сите четири во последните десет години. Тимот од Тетово е најдобар во македонската Прва фудбалска лига во натпреварувачката сезона 2020/21.

На последниот меч од оваа сезона Шкендија и Шкупи одиграа 1:1.

Оваа екипа ќе ја претставува Македонија во ЛШ, додека Шкупи и Струга Трум Љум ќе играат во Лига Европа, откако завршија на второто односно третото место.

РЕЗУЛТАТИ ПМФЛ, ПОСЛЕДНО КОЛО

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – БОРЕЦ 3:1

ПЕЛИСТЕР – БЕЛАСИЦА 2:0

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ 1:1

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 1:1

СИЛЕКС – СТРУГА ТРУМ ЉУМ 0:1

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ШП 0:2

ТАБЕЛА: Шкендија 75, Шкупи 59, Струга Трум Љум 57, Македонија ЃП 55, Работнички 48, Пелистер 45, Академија Пандев 41, Борец 40, Силекс 36, Ренова 36, Вардар 31, Беласица 17.