Шефот на кабинетот на актуелниот скопски градоначалник Петре Шилегов, сподели убава вест на социјалните медиуми.
Неодамна, преку фотографии на социјалните медиуми, Никола Наумовски со објава на слатка фотографија и даде до знаење на јавноста дека наскоро ќе стане татко.
Вчеравечер пред полноќ, Никола Наумовски и официјално сподели дека тоа се случило, објавувајќи неколку видеа од новороденчето.
Денеска пристигна и првата заедничка фотографија, на која Никола и Сања позираат со нивното синче.
Инаку, Сања Арсовска е позната театарска глумица. Таа работи во Драмскиот театар во Скопје од 2013 година, нејзиното име се појавува во бројни театарски претстави, а глумеше и во македонските филмови „Трето полувреме“ и „Панкот не е мртов“.