Северина и Џенифер Лопез за Божиќ заблескаа во црвени креации со кои се пофалија на социјалните мрежи.

Сплитската пејачка објави галерија фотографии на кои заносно позира во долг свиленкаст фустан со откриени раменици и ги маѓепса своите фанови.

И Џенифер Лопез позира на скали во раскошен црвен фустан, а фановите ја наградија со прекрасни коментари.