Американската тенисерка Серена Вилијамс сподели неколку убави моменти од нејзината семејна куќа пред неколку дена, кога со нејзината ќерка Алексис Олимпија Оханијан во гламурозно издание на тениското игралиште.
Славната спортистка и нејзината ќерка за потребите на фотосесијата се облечени во гламурозни фустани. Мама Серена носи елегантен модел на фустан во беж нијанси со многу слоеви на тул, чиј преден дел е пократок кој совршени го искомбинирала со елегантни сандали, додека малечката Олимпија изгледа неодоливо во фустан кој многу потсетува на некоја дизниева принцеза.
Двете дами позираа на теренот, а Серена ги сподели фотографии на својот инстаграм профил со опис, „Мајка и на Олимпија“. Тенисерката не откри по кој повод се направени овие фотографии, иако најверојатно станува збор за рекламна кампања или едиторијал, но несомнено ги израдува сите нејзини следбеници.