Актерката Селма Хајек веќе некое време ги радува своите обожаватели со егзотични фотографии на кои позира во костим за капење.
Со најновата фотографија која ја сподели на својот инстаграм-профил таа за само неколку часа собра скоро милион лајкови, а овојпат позира во едноделен костим за капење покрај океанот.
Хајек неодамна изјави дека за време на празниците направила многу фотографии во костим за капење затоа што е горда што ослабела, а нејзините обожаватели едногласно се согласуваат дека и во 55-тата година од нејзиниот живот актерката изгледа фантастично.
„Изгледаш прекрасно“, „Кралица“, „Боже, колку убаво место, и жена, се разбира“, „Толку си секси, изгледаш подобро од кога било“, беа дел од коментарите на нејзините обожаватели.
Инаку, актерката веќе 12 години е во брак со милијардерот Франсоа-Анри Пино, кој е четири години постар од неа, а минатиот месец на Денот на вљубените таа објави љубовна фотографија со нејзиниот сопруг.