Голем број на волонтери, граѓани се приклучија на македонските пожарникари, армијата и полицијата во гаснењето на пожарите во Малешевијата. Со оглед на тоа дека има делови каде теренот е тешко пристапен, потребата од алтернативни решенија е потребна. Па, таа овој јунак, херој, чие име на редакцијата засега не е познато, учествува во гаснењето на пожарите со мотор. На грбот носи „троба“ со вода, а потоа со моторот правец кон пожарот во битка со огнената стихија.