Изминатата 2025 година беше обележана со многу настани, но и со скандал на концертот на Колдплеј.

Енди Бајрон, тогашен извршен директор на американската компанија за вештачка интелигенција Астрономер, поднесе оставка откако беше снимен како ја прегрнува својата колешка, менаџерката за човечки ресурси Кристин Кабот, на концертот на Колдплеј.

Нивната интимност беше снимена од камера и брзо стана вирална. Од тој момент, Енди и Кристин беа главна тема на мрежите и е потценување да се каже дека луѓето ги распнаа во тоа време.

Сепак, прашината малку се смири во 2026 година, а скандалот понекогаш се споменува јавно – на пример, сега!

Кристин Кабот повторно се најде на страниците на странските медиуми, но не како „љубовница од концертот на Колдплеј“, туку како жена која конечно ужива во животот по бројните проблеми.

Имено, Кристин беше фотографирана на плажа во Мајами во атрактивно бикини кое ја истакнува нејзината завидна фигура. Се чини дека таа пронашла малку мир за себе, и сега ужива во сончеви денови и одмор. Иако љубовната врска ја чинеше работата во тоа време, сега има други планови.

Таа ќе биде главен говорник на претстојната конференција за комуникација во кризи во Вашингтон, пишува TMZ. Таа исто така ќе ја дели сцената со познатата портпаролка и новинарка по име Дини фон Мифелинг. Таа ќе води предавање наречено „Кристин Кабот: Враќање на наративот“.

Се чини дека љубовната афера сепак се исплатила за едната страна барем…

Текстот (Фото) Се сеќавате ли на љубовницата од концертот на „Колдплеј“: таа сега ужива во животот е превземен од МАКФАКС.