Роузи Хантингтон-Вајтли неодамна позираше за моден бренд на необична, но идилична локација. Тоа е бајковит зимски пејзаж украсен со снежна покривка, а сега и женска фигура.

Познатата манекенка позираше во бело бикини кое го истакнуваше нејзиното убиствено тело и извајани стомачни мускули, а на својот стајлинг додаде бела крзнена јакна и шапка.

Зимскиот амбиент – снег, борова шума и планински врвови, послужи како совршен контраст на оваа жешка верзија на прекрасната манекенка.

Таа објави фотографии од снимањето на Инстаграм со краток опис:

„Надвор е ладно“, напиша таа, а потоа започна лавина од коментари од нејзините обожаватели на мрежите.

„Го топиш мразот“, „Твојот сопруг има среќа“, „Дива“, „Гориш“, „Ледена кралица“, се само неколку…

Текстот (Фото) Сцена за паметење: Нејзиното жешко тело го „стопи“ целиот мраз е превземен од МАКФАКС.