Ѕирнете во прекрасниот имот на познатиот холивудски пар…

Славниот холивудски пар Ештон Кучер и Мила Кунис ги отворија вратите од својот семеен дом за најновиот број на магазинот „Architectural Digest“.

Тие својот дом го уредуваа во последните 5 години со помош на архитекти и дизајнери за ентериер, а кога го постигнаа саканиот резултат, тие решија да му покажаат на светот каде живеат.

„Сакавме само дом, а не простор за покажување и докажување“, изјави Мила за својот нов дом, кој од милост го нарекува КуКу фарма.

Тие двајца ги користат сите поволности од имотот, па така земјата околу куќата ја користат за да садат пченка. Тоа што сакале да го постигнат е еден вид на модерна куќа на фарма, а освен што сакале функционален дом, тој е прилагоден и за нивните деца, Вајат и Димитриј, а на имотот користат и соларна енергија.

Погледнете како изгледа…