Познатиот вокал од групата „Ареа“, пејачката Ружица Милошеска Брчиоска која ги испеа големите хитови „Сите мои слики“, „Одведи ме“, „Нешто недостасува“ кои сите ги знаеме наизуст, вчера го прослави својот 53 роденден.
Роденденот, поради пандемијата на коронавирусите Ружица решила да го прослави само со најблиските.
Сепак, таа на својот фејсбук-профил со своите обожаватели и пријатели сподели неколку фотографии на кои може да се забележи топлата атмосфера.
„Колку сме, токму сме. Нека ми е среќен роденденот“, напиша Ружица во описот на фотографиите на кои позира со својот сопруг, ќерката Елена и нејзината мајка.