Доколку досега немавте време да го украсите домот или празничната велигденска трпеза, тука сме за вас да ви помогнеме со неколку брзи идеи кои ќе го израдуваат целото семејство.
Јајцата се симболот на овој голем празник, а покрај традиционланото бојадисување во црвена боја може да се препуштите на вашата креативност и со бројни украси да ги претворите во совршен декор за домот и трпезата.
Декупаж техника, боење со ориз, креирање на бројни форми со нетипични материјали или пак ретро украсување со природни ливчиња и цветови се секогаш одлична идеја.
Трпезата можете дополнително да ја збогатите и со рачно изработени украси со популарните велигденски мотиви. Вазна или лушпи од јајца полни со свежо цвеќе се секогаш одличен избор, а персоналзираните украси особено омилени кај најмалите.
Оставаме на вашата фантазија еден ден пред големиот празник. Вклучете се сите во семејството и уживајте во секој заеднички момент.