Во текот на празничниот декември, месец обележан со забави, разни собири и блескави модни комбинации, еден класик за убавина секогаш доаѓа до израз. Тоа е црвениот кармин.

Без разлика дали преферирате мат нијанси или кремасти формули, постои голема веројатност црвениот кармин да биде вашиот избор за некои од декемвриските настани.

Причината е едноставна – црвениот кармин е суперхерој на козметичките торби, детаљ што внесува доза на самодоверба и гламур во секој аутфит.

Ова се црвените кармини со култен статус, оние на кои жените им се верни со години, па дури и децении.

Chanel Rouge Allure (99 Pirate)

Chanel Rouge Allure 99 Pirate е еден од најпрепознатливите и најпродаваните црвени кармини на Шанел. Линијата Rouge Allure беше лансирана во 2006 година, а нијансата 99 Pirate наскоро стана заштитен знак на колекцијата.

Christian Dior (999)

Во 1953 година, Кристијан Диор создаде два „совршени црвени кармини“ за модната писта. Тоа беа нијансите 9 и 99, а децении подоцна, беше понудена нијансата 999 – подеднакво богата црвена и иконска мешавина од двете нијанси.

Revlon (Fire&Ice)

Првата кампања Fire&Ice беше лансирана во 1952 година и жените се заљубија во нијансата уште тогаш, и ја сакаат и денес. Карминот е омилен кај дамите кои го сакаат винтиџ стилот, но и кај оние кои бараат сигурен, класичен кармин.

Giorgio Armani (400)

Мат карминот на Giorgio Armani, нијанса 400, е познат и едноставно како Armani Red Lipstick. Тоа е богат кармин кој воспоставува совршена рамнотежа помеѓу ладно и топло. Тоа е класика која е идеален избор ако сакате да додадете допир на стар Холивуд во вашиот изглед.

MAC (Ruby Woo)

Оваа ладна црвена нијанса им ласка на речиси сите. Ruby Woo беше лансиран кон крајот на 1990-тите како дел од колекцијата кармини Retro Matte на MAC, а со текот на времето стана кармин што се гледа на црвените теписи и модните писти, а се наоѓа и во козметичките торби низ целиот свет.

Текстот (Фото) Различни трендови за убавина доаѓаат и си одат, но ние не се откажуваме од овие пет црвени кармини со децении е превземен од МАКФАКС.