Денеска (23.03.2021) по лициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со ОНТДО при СВР Куманово, по претходно издадена судска наредба, извршија претрес во дом и други простории на А. Ќ. (59) и притоа во импровизирана работилница и во домот се пронајдени пиштол, два гасни пиштоли, три воздушни пушки, ловна пушка карабин кал. 8х57мм, ловна пушка кал. 16 мм, 180 патрони, 88 куршуми, карабин, цевка од воздушна пушка, кутија со делови од пушки и пиштоли.
А.Ќ. е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.