Вчера во 21:00 часот на регионален пат Тетово – Скопје, на влез за село Желино, тетовско, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ги лишија од слобода 37-годишниот Б.А. и 26-годишниот О.Ј., двајцата од село Требош, тетовско.
При преглед кај нив и во патничкото моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски таблички, кое го управува Б.А., пронајдени и одземени се шест ќеси со марихуана.
Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот (Фото) Пронајдена дрога во возило во Тетовско, двајца уапсени е превземен од МАКФАКС.
		






















