Со дуелот Академија Пандев-Работнички започна пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ. На терен прекриен со снег, условите за игра беа тешки, се правеа грешки, а една таква искористи Работнички. По аматерската грешка на голманот на домаќините Марко Јовановски, Стојкоски во 79-та минута го постигна единствениот гол на мечот со кој Работнички славеше со 1:0.

Утре се играат останатите мечеви, а се среќаваат: Борец – Шкупи, Ренова – Беласица, Силекс – Шкендија, Струга Трим Лум – Македонија Ѓорче Петров и Вардар – Пелистер.

loading…