Доколку барате прифатлив божиќен пазар, Прага би можела да биде добра опција. Позната по своите дрвени тезги, големи божиќни елки и мирисот на трделник, чешката престолнина привлекува голем број туристи секоја година, а сега е официјално прогласена за најприфатлива европска дестинација за зимски одмор, пишува Daily Mail.
Саемите се одликуваат со ароми на греано вино (сварак), медовина и традиционални чешки деликатеси, додека посетителите се забавуваат со жива музика, театарски претстави и хорови. Во центарот на саемот доминира голема елка донесена од чешките шуми, со познатиот Астрономски часовник во позадина.
Според истражувањето на порталот „Сикрет Лондон“, Прага е убедливо најпристапната дестинација. Просечната цена за ноќевање во хотел со три ѕвездички е околу 84 евра, додека кригла пиво чини околу 2,50 евра во просек.
Бугарскиот град Банско се најде на второто место и покрај уште пониската цена за кригла пиво од само 1,05 евра.
Една од големите предности на прашкиот панаѓур е тоа што трае до 6 јануари.
Во Чешка, божиќните традиции се фокусираат на Бадник. Подароците не ги носи Дедо Мраз, туку Малиот Исус (Ježíšek) и се отвораат по празнична вечера која традиционално се состои од крап и салата од компири. Многумина постат во текот на денот со надеж дека ќе видат „златно прасе“, што се смета за знак на среќа. Обичаите вклучуваат украсување на елката на Бадник, пеење божиќни песни, фрлање лушпи од ореви во водата за гатање и излегување на полноќ.
Новогодишната ноќ во Прага е обележана со огномет на 31 декември и 1 јануари. Најдобрите погледи се од плоштадот Стар Град, Карловиот мост и бреговите на реката Влтава.
фото/депозитфотос
Текстот (Фото) Прогласен е за најприфатлив божиќен пазар во Европа, кригла пиво чини 2,5 евра е превземен од МАКФАКС.





















