Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху преку твитер се заблагодари на државите чии функционери изразиле поддршка до оваа земја во нападите врз Појасот Газа. Една од земјите е и Северна Македонија. Премиерот Зоран Заев на твитер рече дека мора да престанат антисемистичките напади, мора да престане убивањето на цивилите.
– Ви благодариме што решително стоите со Израел и го поддржувате нашето право на самоодбрана од терористички напади, напиша Нетанјаху.
Иако официјалните лица на овие земји, чии знамиња ги објави Нетанјаху дадоа поддршка на Израел, сепак во голем дел од овие држави се одржуваат протести и собири против нападите на израелската армија во Појасот Газа. Пораки се испракаат од целиот свет дека насилствата и окупацијата на Израел мора да запре.
🇺🇸🇦🇱🇦🇺🇦🇹🇧🇦🇧🇷🇧🇬🇨🇦🇨🇴🇨🇾🇨🇿🇬🇪🇩🇪🇬🇹🇭🇳🇭🇺🇮🇹🇱🇹🇲🇩🇳🇱🇲🇰🇵🇾🇸🇮🇺🇦🇺🇾
Thank you for resolutely standing with 🇮🇱 and supporting our right to self defense against terrorist attacks.— Benjamin Netanyahu (@netanyahu) May 15, 2021