Шведската манекенка Елса Хоск продолжува да доминира со својата единствена убавина. Откако блесна во Лос Анџелес, Елса приреди моден спектакл и во Њујорк.

Поранешниот ангел на „Викторија сикрет“ за оваа пригода избра провокативен фустан со светки и циркони, кој е врзан околу вратот, а најинтересно од сè е, секако, длабокото деколте, кое Елса овој пат го „фрли“ во преден план.

Не е невообичаено таа да се осмели да носи ваков смел модел на фустан. Ефективниот стајлинг го надополни со накит, нараквица, прстен и обетки, а тоа беше доволно за сите да се сетат на уште едно секси издание на убавата Скандинавка.

За разлика од претходниот настан каде што ја имаше косата пуштена, овој пат ја собра во пунџа и ги остави своите свиткани шишки на страна.

Не е ни чудо што Елса Хоск е една од најпознатите модели. Нема многу детали за нејзиниот приватен живот, убавата манекенка се труди сè да го држи подалеку од очите на јавноста, но се знае дека неодамна се свршила по десет години врска.

фото: принтскрин

Текстот (Фото) Прекрасната манекенка ги изненади сите во Њујорк со длабоко деколте е превземен од МАКФАКС.