Ева Лонгорија, или поточно, омилената очајна домаќинка, секогаш наоѓа начин да привлече внимание. Таа е често активна на социјалните мрежи, каде што објавува фотографии од својот деловен и приватен живот, а се чини дека една конкретна објава предизвика вистинска возбуда на Инстаграм.
Ева објави празнична фотографија, а привлече внимание со својата комбинација на облека. Таа носеше пастелно розов фустан кој ја истакнуваше нејзината прекрасна фигура.
Секси фустанот има и длабоко деколте кое дополнително ја крена температурата. Стајлингот го надополни со брановидна фризура и ненаметливи додатоци, а црвениот кармин што го заокружи ова издание не треба да се изостави.
Коментарите од фановите едноставно се нижеа, а покрај божиќните честитки, имаше и такви кои го пофалија овој секси стил.
„Среќни празници“, „Неверојатна си“, „Изгледаш прекрасно“, се само неколку од коментарите.
Текстот (Фото) Празничното издание на омилената очајна домаќинка на многумина им го помати умот е превземен од МАКФАКС.























