Со почеток во 18 часот Македонија го игра последниот тест пред патувањето на ЕП. Противник е селекцијата на Казахстан. Познат е и составот на Македонија, односно изборот на селекторот Игор Ангеловски. Мрме сега ќе напаѓа со Пандев и Тричковски. Веднаш зад нив ќе бидат Елмас и Костадинов. Спировски е последен играч за врска, лево е Алиоски, десно Николов, во одбраната Ристовски, Муслиу и Ристевски. На голот Димитриевски. По ремито со Словенија 1:1, вечерва очекуваме победа.