УЕФА ги откри имињата на фудбалерите кои добија место во најдобриот тим на шампионатот. Меѓу најдобрите играчи на еврособирот се најдоа по тројца играчи од финалистите, Англија и Италија.
Првакот има тројца претставници во Кјелини, Киеза и Донарума, а многумина сметаат дека некој од средниот ред требаше да добие награда за прикажаните игри.
Англичаните исто така имаат три играчи во „дрим-тимот“, Данска доби две места, а по еден Португалија и Франција.
Најдобар тим на ЕП 2020: Донарума, Кјелини, Мегвајер, Шо, Маеле, Погба, Џака, Стерлинг, Долберг, Киеза, Роналдо;
