Вечерва избил пожар во куќа во близина на катлановско Блаце. Според потврдата од Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, на местото на настанот се упатени екипи на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, кои се обидуваат да го локализираат пожарот.
Пожарот предизвика паника во околината бидејќи се слушале пукања на ќерамидите, но засега нема информации за евентуални повредени. Се работи на расчистување на ситуацијата.