Луис Хамилтон последните денови беше во центарот на вниманието на спортската јавност, откако имаше жестока пресметка со големиот ривал Макс Верстапен на трката за ГН на Италија.
Обвинувања од двете страни има секој ден, а Хамилтон наводно се здобил со повреди за кои Ред Бул тврди дека се измислени од Мерцедес.
Но, 36-годишниот возач, тврди „Дејли Меил“, веднаш по трката отпатувал во Њујорк на забава. Зо забавата заминал во хотелска соба, но не бил сам. Наводно со него била и атрактивната Џенет Гузман.
„Повредениот“ Хамилтон пристигна во хотелот во друштво на модел на Инстаграм и беше очигледно дека патувањето во Њујорк е добро за него.