Со звуците на неговата Рапсодија за Скопје, наместо како вообичаено со едноминутен молк, денеска во Скопје почна комеморацијата во чест на диригентот и композитор Александар Џамбазов, кој почина на 25 јануари, на 85-годишна возраст. За Александар како човек, музички творец, диригент, организатор може многу да се зборува. Македонските музиколози веќе тоа го препознаа. Нека му е вечен споменот на нашиот драг, почитуван пријател, колега Александар Џамбазов, рече во својот говор претседателот на Собранието на Сојузот на композитори на Македонија, Јане Коџобашија.