Кристоф Крамер (29) како и секој друг има свое хоби, а дефинитивно неговото привлекува големо внимание..

Моментно ги брани боите на Борусија Менхенгладбах, а во 2014 година успеа со германската репрезентација да ја освои титулата на Светското првенство одржано во Бразил.

Своите заработени пари ги вложи во колекција на Покемони, и не само која било колекција на Покемони – го собра целото прво, оригинално издание на картици од Покемон!

Фото: instagram.com/chrikra23/
Фото: instagram.com/chrikra23/
Фото: instagram.com/chrikra23/

За да ги добие сите потребни картици, Крамер мораше да искешира повеќе од 225.000 долари!

Вчера го одигра целиот натпревар во рамките од Бундеслигата во големата победа на неговиот клуб против Баерн Минхен (3:2).

ВИДЕО: Баерн испушти предност на два гола и на крајот загуби