Во катлановско Блаце денеска се одбележаа 14 години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа 11 припадници од составот на воздухопловниот ВИНГ, враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина.

Во хеликоптерската несреќа животот го загубија потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски.























