Премиерот Зоран Заев го прекина годишниот одмор. Се појави на терен во беровско село Будинарци, кое е загрозено од пожарот. По бурните реакции во јавноста откако се појавија негови фотографии дека во време на прогласена кризна состојба, тој и уште неколку министри се на плажа, Заев го прекина одморот.
-Шумите лесно се палат, а тешко се гасат – порачувам да внимаваме сите, да ја ставиме безбедноста на прво место и да ги спречиме сите ризици кои може да предизвикаат пожар.. Во овие денови на регионална солидарност, уште еднаш упатуваме огромна благодарност за помошта која е веќе на теренот, а пристигна од Србија, од Словенија и од Австрија, како и за двата авиони кои пристигнуваат од Романија. Ситуацијата ја следиме постојано и будно, во постојана ангажираност и координација се сите капацитети на државата и заедно со граѓаните и со пријателската помош заедно ќе се справиме со оваа опасност, изјави Заев.