Конечно имаме прилика да ги видиме жените со сите „нивни мани“, односно вистинскиот природен изглед кој не може да биде заменет со ништо друго, ниту пак подобрен со било каков програм за корекции. Реалната женска убавина секојдневно се повеќе се почитува, а сето тоа благодарение на поголемата свест и вистинските вредности кои конечно ги дочекаа своите пет минути.

Модната индустрија се повеќе го прифаќа природниот изглед, па така во последно време можеме да слушнеме како одделни брендови одбиваат да ги обработуваат фотографиите на своите модели, да го отстрануваат целулитот, стриите и другите „неправилности“ кои претходно задолжително беа корегирани.

Фото: Фејсбук

Во новата рекламна кампања за летната сезона оваа модна куќа ангажираше плус-сајз манекенки кои позираа во долна облека, а фотографиите намерно не сакале дополнително да ги обработат во фотошоп.

Конечно можеме да ги видиме „вистинските“ модели, во најприродното издание, со целулит, стрии и „несовршени пропорции“, што е прилично необично за модниот и маркетинг свет.

Овој потег наиде на воодушевување кај жените. Освен што сликите со несовршените тела им помагаат да се идентификуваат со обичните жени, воедно овие слики ќе им помогнат и на жените полесно да проценат дали одредени парчиња облека ќе им прилегаат или не.

Фото: Фејсбук

Без специјалните ефекти, филтерите и фотошоп, овие убавици секако заблескаа пред светлата на фотоапаратите, а многумина се надеваат дека и другите модни брендови ќе се одлучат за вакво рекламирање на производите и прифаќањето на природната убавина која ја краси жената.