„Метаморфози и еволуција – Скопјани и топлификација„ е насловот на денешната уметничка акција, посветена на проблемот со парното греење во Скопје.

Како дел од акцијата пингвини беа поставени на неколку локации низ Скопје и ги претставуваа Скопјани кои во последно време се соочуваат со се поладни радијатори во своите домови, со што нивните домовите наместо станови заличуваат на поларни куќарки – Игла.

– Со овааа акција исто така сакаме да ги предупредиме скопјани кои се затоплуваат со централно парно греење дека се поизвесно е дека од утре заради немањето гас на топлификација и заради кавгите на релација Град Скопје – Влада – БЕГ – Регулаторна комисија   е можно парното во нивните домови на овие минусни температури да биде слабо или да го нема а тие да се чуствуваат како пингвини, стои во соопштението од Центарот за современи уметност.

Акцијата е дел од урбаните уметнички акции на Центарот за современи Уметности, и е финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество Македонија.