Кремот на европската и светската кошарка се собра денеска во Белград, за еден тажен настан. Да го испратат во вечното почивалиште еден од најголемите тренери на просторите на поранешната држава, Европа и светот, Душан „Дуда“ Ивковиќ.
На погребот беше присутен и првиот човек на македонската кошарка, Перо Антиќ, кој се прости од човекот со соработуваше во атински Олимпијакос, при освојувањето на Евролигата во 2012 година.