Папата Франциск прв го добива најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име испишано на кирилица. Ова е дресот со кој ќе настапат нашите најдобри фудбалери на претстојното #EURO2021. Нека донесе среќа, нови успеси и победи на претстојното европско првенство.

Ова е објавата на претседателот на државата Стево Пендаровски по средбата со Папата Франциск. Како што е познато, Пендаровски е во Рим и Ватикан за да оддаде почит на Св.Кирил и Методиј.