Музичарот Владимир Блажев во јавноста познат како Панчо од групата ДНК, вчера, на својот Фејсбук профил објави две емотивни фотографии со кои ги растажи своите пријатели и обожаватели.

Тој ги сподели новогодишните желби на неговите две деца, Андеја и Марјан, кои напишале писма за Дедо Мраз.

Драг Дедо Мраз се викам Андреја и уште малку ќе наполнам 10 години. Мислам дека бев доволно умен за да добијам подарок од тебе. Знам дека е тешка година и тато не работи за оваа година јас посакувам гејмерска тастатура во бои и да е механичка. Тоа би било тоа за оваа година, само еден подарок“, напишал Андеја, поголемиот син на Панчо.

Facebook
Facebook

По што следува и второто писмо, кое повторно го напишал Андеја во име на неговиот помал брат Марјан, погледнете:

Facebook
Facebook

Овогодинешните желби за Дедо Мраз, од Андреја и Маки. ПС – Битно го издаде брат му дека не знае да пишува“, под објавата на фотографиите напиша Панчо.

Овие деца навистина заслужуваат да им се остварат скромните и искрени желби!