Британската пејачка, актерка и модна икона Палома Фејт откри дека претрпува неопислива болка по раѓањето на нејзината ќерка. По тешката бременост лекарите ѝ дијагностицирале акутно воспаление на градите.
Станува збор за бактериско воспаление на млечните жлезди и околното ткиво на дојката што најчесто се јавува за време на доењето. Нејзините гради, вели таа, се отечени и ѝ предизвикуваат ужасна болка, па ѕвездата решила спасот да го бара во алтернативната медицина.
Фејт предизвика лавина коментари откако на својот инстаграм-профил реши да го сподели својот метоц. Имено, таа се обидува да ја ублажи болката со ставање листови зелка на нејзините гради.
„Дневник по породувањето, ден трети и пристигна и моето млеко… Но, ми дијагностицираа акутно воспаление. Ова значи дека имам премногу млеко, а бебето не е доволно големо или силно за да може да го повлече млекото. Болно е… Градите ми се тврди како камен. Се обидувам со масажа за време на хранењето, но ни тоа не помага“, напиша Палома во описот на фотографијата.
„Жалното бебе е навистина исцрпено поради тоа што треба да се мачи за да извлече млеко од моите отечени и запушени канали. Ми рекоа дека со текот на времето ќе се смири. Да се надеваме дека тоа нема да завршам на ургентен пред да се случи! Ова е ново ниво на болка! Мајчинството не е шега“, додаде Палома.
39-годишната мајка која постојано споделуваше новости за бременоста на својот инстаграм-профил, неодамна го поздрави раѓањето на своето второ бебе со нејзиниот партнер Лејман Лахчин.