Моделот Бела Хадид, случајно или не, најави нов тренд за 2026 година – бели фармерки. Додека темните фармерки ја одбележаа есента, особено воодушевија оние во кафеавата боја, за пролет мора да си набавиме бели фармерки.

Бела ги комбинираше со бела маица, црна впечатлива јакна и црни кожни чизми, а имаше и скапа чанта Фенди, пишува InStyle.

Оваа комбинација е модерна дури и во зима, иако белите фармерки не се баш омилен избор во ова време од годината. Сепак, благодарение на оваа боја, сè изгледаше многу поелегантно, па не можеме да замислиме колку убаво ќе биде кога ќе се комбинира со некои други пролетни бои.

Без разлика дали станува збор за модел со рамен крој, целосно тесен или со ногавици во облик на ѕвонче, белите фармерки ќе бидат неопходни во сечиј гардеробер оваа година.

Бела Хадид, сакала или не, едноставно не може да остане незабележана иако се обидува да се држи што подалеку од папараците и ретко се појавува на јавни настани.

Текстот (Фото) Овие фармерки ќе доминираат цела година: најпознатата манекенка го најави новиот тренд е превземен од МАКФАКС.