Демијан е син на англиската актерка и поранешна манекенка Елизабет Харли (55), а обожавателите велат дека тој повеќе личи на убава жена отколку на маж.
Тој неодамна го прослави својот 18-ти роденден во друштво на неговата мајка.
„Изолацијата драстично ги промени моите планови за последната вечер од мојата малолетност“, напиша тогаш Демијан на својот инстаграм – профил, кој ги поминува деновите со својата мајка во нивниот дом.
Тој токму во нејзино друштво и го дочекал и полнолетството, во домашна атмосфера со балони, алкохол и вечера, а судејќи по снимките, не им недостасувала добрата забава на прославата.
54-годишната Харли му го честитала роденденот на синот со серија фотографии, порачувајќи му дека е светлината во нејзиниот живот. Лиз го доби Демијан во 2002 година со милијардерот Стив Бинг, кој минатата година изврши самоубиство поради депресија, а Демијан го носи презимето на неговата мајка.
Патем, овој млад човек неописливо потсетува на неговата мајка – тој е машка верзија од неа, а притоа со долгата коса, често се фотографира во исти пози како неговата мајка па дури и во слична облека.
Манекенката и нејзиниот син се многу блиски, а британската јавност постојано ја нарекуваше нивната врска „несоодветна“ и „бизарна“. Дури и познатиот британски новинар Имон Холмс во својата емисија ја окарактеризира оваа врска како „многу чудна“.
„Со оглед дека сум самохрана мајка, а тој е моето единствено дете, логично е да поминуваме многу време заедно и да нѝ е пријатно кога сме во друштво еден на друг“, изјавила Харли во една прилика и додала дека Демијан е нејзината сродна душа.
Да потсетиме, филмскиот продуцент и поранешен партнер на британската убавица изврши самоубиство на 55-годишна возраст во Лос Анџелес. Роден е на 31 март 1965 година и почина на 22 јуни 2020 година. Тој скокнал од 27-от кат од зградата, оставајќи зад себе две деца.
Убавата актерка тогаш објави на социјалната мрежа Инстаграм, објави албум со нивни заеднички фотографии и напиша:
„Тажна сум и во неверувањето дека мојот поранешен сопруг Стив, повеќе не е со нас. Тоа е тажен крај на еден живот“, напиша тогаш Елизабет.