Откако ги донесе вакцините, првиот дел од ветените 8 илјади, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот Зоран Заев ја посетија винаријата „Камник“, каде што се напија и вино. Од таму со македонско вино, Вучиќ го честиташе празникот Свети Трифун.
-Како љубител на виното, горд сум на српските винари и нивните резултати во последните 10 години. По квалитет ги надминавме многу регионални сили, а се надевам и верувам дека потрошувачите во Србија ќе имаат поголема доверба и во иднина ќе подаруваат повеќе домашни вина, напиша Вучиќ.