На социјалните мрежи кружи документ на кој стои и печатот и штембилот на Македонскиот олимписки комитет, со кој се бараод здравствените власти итна вакцинација на неколку лица, кои треба да ја сочинуваат македонската делегација на Олимписките игри во Токио.
И тоа немаше да биде ништо чудно, доколу на овој список не се најдоа неколку туристи, односно луѓе кои не се поврзани со спортот и воопшто не треба да се дел од македонската експедиција, барем не на трошок на МОК.
Списокот е потпишан од првиот човек на МОК, Даниел Димевски, а на него како посочени патници од македонската делегација се неговата сопруга и сопругата на првиот човек на АМС Наумче Мојсоски, но и на Владимир Богоевски.
