Иако на социјалните мрежи редовно зборува за пандемијата и за важноста на носењето маски, Џенифер Анистон малку се занела при изборот на новогодишни украси, што вознемири многу нејзини обожаватели.
Иако има милиони обожаватели низ светот, актерката очигледно налути многумина и тоа поради нејзиниот непромислен потег. Имено, на Инстаграм се пофали со еден специфичен новогодишен украс со кој ја украсила елката – дрвена плочка на која пишува „нашата прва пандемија 2020“.
Штом го видоа божиќниот украс, нејзините обожаватели ја опсипаа со куп коментари во кои изразија разочарување, тага и гнев поради потегот на актерката. Иако Анистон сигурно немала лоши намери, таа си ја загрози репутацијата.
Is Jennifer Aniston okay? pic.twitter.com/hneXJBb8Cb
— radude (@radude6) December 26, 2020
„Дали Џенифер Анистон е ок?“, „Доста ми е од богатите луѓе“, „Славните личности навистина живеат во друг свет“, беа некои од коментарите на социјалните мрежи.
Сепак, некои застанаа во нејзина одбрана, тврдејќи дека тоа е безопасна шега и истакнувајќи дека актерката веќе го користела својот профил за промовирање активизам во текот на 2020 година.
„Сфаќам дека маските се непријатни и неудобни. Но, зарем не е полошо што компаниите пропаѓаат, луѓето губат работа, здравствените работници се апсолутно исцрпени. Овој вирус однесе толку многу животи затоа што не правиме доволно“, порача Анистон пред неколку месеци.