Охридски пастрмки заглавени во мрежи во Охридското езеро. Несовесни граѓани ги поставиле и тоа во сезона на мрестење на пастрмките, кога има строга забрана за нејзино ловење. Фотографиите ги објави нукачкиот клуб „Амфора“ од Охрид, од каде велат дека кога се мрести, пастрмката мигрира во поплитки води, а таму се заглавиле во рибарските мрежи.